11. Ќе служат во Светилиштето само како стражари при вратите на Домот и како прислужници во Домот: ќе му колат на народот паленици и други жртви и ќе му бидат на служба.
12. Им служеа пред нивните кипови и така го наведоа Израелевиот дом на беззаконие. Затоа ја подигнав раката против нив - говори Господ Бог - да го носат своето беззаконие.
13. Веќе не ќе пристапуваат кон Мене за да Ми служат како свештеници, и не ќе им приоѓаат веќе на Моите најсвети светини, туку ќе ја носат својата срамота и расипаностите што ги направија.
14. Ќе ги поставам да работат во Домот секаква работа и сè што треба да свршат во Него.
15. Свештениците левити, Садоковите потомци, кои Ми служеа верно во Моето Светилиште, кога Израелевите синови отскитаа од Мене - тие смеат да Ми пристапуваат кон Мене за да Ми служат: ќе служат пред Мене принесувајќи Ми мрсно и крв - говори Господ Бог.
16. Тие смеат да влегуваат во Моето Светилиште и да пристапуваат кон Мојот стол, за да Ми служат и за да вршат службата.
17. Кога ќе влегуваат низ вратата на внатрешниот двор, нека облечат ленени облеки: нека нема врз нив ништо волнено кога ќе служат при вратата на внатрешното предворје и на Домот.
18. Нека носат ленени капи на главите, ленени гаќи околу половината: нека не се препашуваат со ништо од што би се потеле.
19. Кога ќе излегуваат во надворешниот двор кон народот, нека ги соблечат облеките во кои што служеа и нека ги остават во просториите на Светилиштето, а нека облечат други облеки, за да не го посветат народот со своите облеки.
20. И нека не ги бричат главите, а нека не пуштаат ни долги коси туку нека ја стрижат косата.
21. И ниеден свештеник, кога треба да влезе во внатрешниот двор, нека не пие вино.