Езекиел 42:4-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Пред просториите беше премин кон внатрешноста, широк десет лакти и долг сто лакти. Вратите им беа свртени кон север.

5. Горните простории беа помали, зашто ходниците им го одземаа просторот, од долните и од средните.

6. Зашто беа на три ката, но немаа столбови како во дворот. Затоа горните простории беа потесни од долните и од средните.

Езекиел 42