14. А кога свештениците ќе влегуваат, нема да излегуваат од Светилиштето во надворешниот двор, туку ќе ја оставаат облеката во која ја служеа службата, зашто е света, и ќе облекуваат друга облека, за да можат да му се приближат на местото одредено за народ.”
15. Откако ја измери внатрешноста на Домот, ме изведе низ источната врата и измери сè наоколу.
16. Со мерачка трска ја измери источната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски,
17. а потоа се сврти и ја измери северната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски.
18. Тогаш се сврти кон јужната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.
19. Потоа се сврти кон западната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.
20. Тој го измери ѕидот на сите четири страни наоколу: беше долг пет стотини трски и широк пет стотини. Го одвојуваше светото место од несветото.