Езекиел 4:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А Јас ќе те врзам со јажиња, за да не можеш да се вртиш од едната страна на другата додека не ги исполниш деновите на својата опсада.

9. Земи пченица, јачмен, грав, леќа, просо и ‘рж, стави го тоа во еден сад и направи си леб од тоа. Ќе го јадеш онолку денови колку што ќе лежиш на својата страна: триста и деведесет денови.

10. Јадењето што ќе го јадеш ќе биде измерено: дваесет сикли на ден; а ќе го јадеш во одредено време.

11. И вода ќе пиеш со мерка шестинка од ин. Ќе ја пиеш во одредено време.

Езекиел 4