Езекиел 31:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И затоа тој со раст ги надвиши сите полски дрва. Гранките му се намножија, гранчињата му се разгранчија, од изобилната вода што дотечуваше до него;

6. небесните птици на неговите гранки виткаа гнезда. Под неговите гранки се раѓаа полските животни. А во неговата сенка седеа сите големи народи.

7. Тој беше убав со величината, и со широчината на своите гранки; жилите му стигаа до длабоките води!

8. Не му беа рамни ни кедровите во Божјата Градина, ни чемпресите не можеа да се споредат со неговите гранки, а јаворите не беа ни како неговите гранчиња! Ниедно стебло во Божјата Градина не му беше рамно по убавина.

9. Го украсив со мноштво гранки, и му завидуваа сите еденски дрва во Божјата Градина.’

Езекиел 31