Езекиел 30:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И ќе знаат дека Јас Сум Господ, кога ќе го запалам Мојот оган во Египет и кога ќе ги сотрам сите негови помошници.

9. Во оној ден ќе испловат гласници од Мене за да ја застрашат безгрижната Етиопија. И стравот ќе ја зафати во египетскиот ден. Зашто, еве наближува!”

10. Господ Бог зборува вака: „Ќе го уништам египетското мноштво со раката на Навуходоносор, вавилонскиот цар!

11. Тој и неговиот народ со него - најсвиреп меѓу народите - ќе бидат доведени за да ја сотрат земјата. И тие ќе извлечат меч против Египет и сета земја ќе му ја исполнат со трупови.

Езекиел 30