Езекиел 25:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Господ Бог зборува вака: „Затоа што Филистејците извршија одмазда, одмаздувајќи се крваво со омраза во срцето, разурнувајќи сè заради своето непријателство,

16. Господ Бог зборува вака: ‘Еве, ја кревам раката против Филистејците, ќе ги истребам Херетејците, ќе уништам сè што ќе остане на морскиот брег!

17. Така ќе им се одмаздам страшно со жестоки казни. И кога ќе им се одмаздам, ќе знаат дека Сум Јас Господ.”‘“

Езекиел 25