Езекиел 24:25-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. А ти, човечки сине, навистина во денот кога ќе им ја одземам силата на нивната славна радост, татковската им радост, сласта на нивната душа, нивните синови и ќерки -

26. во тој ден кај тебе ќе стигне бегалец за да ти соопшти тоа!

27. Во тој ден ќе се отвори твојата уста, и ти ќе му проговориш на тој бегалец; не ќе бидеш веќе нем. И така ќе им бидеш знак. И тие ќе сознаат дека Јас Сум Господ!’”

Езекиел 24