Езекиел 20:45-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

45. И ми дојде Господово слово:

46. ”Човечки сине, сврти го лицето кон југ и истури беседа кон југ, та пророкувај против гората во Негевскиот Крај.

47. Речи и на неговата шума: ‘Послушај го Господовото слово! Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе запалам оган сред тебе, и тој ќе го голтне во тебе секое дрво, зелено и суво! Разгорениот оган нема да згасне додека не изгори сè од север до југ.

48. И сите ќе видат дека Јас, Господ, го запалив тој оган, и нема да угасне.”‘“

49. На тоа реков: „О Господи Боже, та тие ќе речат за мене: ‘Еве го пак раскажувачот со приказни!’”

Езекиел 20