24. зашто не ги извршуваа Моите закони, и зашто ги презреа Моите заповеди, и зашто ги обесветуваа Моите саботи и ги насочуваа очите кон идолите на своите татковци.
25. И затоа им дадов уредби што не беа добри, закони што усмртуваат:
26. И им попуштив да се онечистуваат со своите жртвени приноси, поминувајќи ги низ оган своите првороденчиња, за да ги истребам, за да знаат дека Јас Сум Господ.”‘
27. Човечки сине, речи му на Израелевиот дом: ‘Господ Бог зборува вака: „И со ова уште Ме навредија вашите очи: со неверство Ме изневерија!