Езекиел 20:14-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Но ни тоа не го направив заради Своето Име, за да не се хули тоа пред народите пред чии очи ги изведов.

15. Но им се заколнав во пустината дека нема да ги воведам во земјата што им ја дадов, во земјата низ која течат мед и млеко, најубава од сите земји,

16. зашто ги отфрлија Моите закони, и не одеа по Моите заповеди, и ги обесветуваа моите саботи, а срцето им одеше по нивните идоли.

Езекиел 20