Езекиел 19:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Но луѓето од околните места се дигнаа против него и му поставија стапица; и лавот се фати во нивната јама.

9. Окован го затворија во решетка, го одведоа при вавилонскиот цар, таму го затворија во тврдина, за да не му се слуша веќе рикањето по Израелевите гори.

10. Твојата мајка беше како лоза посадена покрај вода, родна и гранчеста од изобилство на вода!

11. Имаше силна гранка за владетелска палка, се воздигна над венецот на стеблото, лична со височината, со многу гранчиња.

Езекиел 19