Езекиел 16:47-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. А ти не само што одеше по нивниот пат и ги правеше нивните гнасности - тоа ќе ти беше премалку тебе - туку беше од нив порасипана по своите патишта.

48. Животот Ми Мој - зборува Господ Бог - твојата сестра Содом со своите ќерки не направи што направи ти заедно со своите ќерки.

49. Еве ги беззаконијата на твојата сестра Содом: горделиво, во изобилство на леб и безгрижно живееја таа и нејзините ќерки, а сиромашните и бедните не ги помагаа.

50. Се возгордеаја и правеа гнасности пред Моите очи, и затоа ги сотрев, како што виде!

Езекиел 16