Езекиел 10:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. А херувите стоеја од десната страна на Домот кога човекот влезе меѓу нив. И облакот го исполни сиот внатрешен двор.

4. А Славата Господова се крена од херувите кон прагот на Домот. Домот се исполни со облакот, а светлината на Господовата Слава го исполни дворот.

5. Шумот на херувските крила се слушаше сè до надворешниот двор, како гласот на Сèсилниот Бог, кога Тој зборува.

6. А кога тој му заповеда на човекот облечен во ленено: „Земи оган меѓу колцата што се под херувите”, човекот влезе и застана покрај тркалата.

7. Едниот херув ја протегна раката кон огнот, што беше меѓу херувите, го зеде и го стави во рацете на човекот облечен во ленена облека. Тој го прими и излезе.

8. А под херувските крила се покажа нешто како човечка рака.

9. Погледнав и ете: покрај херувите четири колца, по едно покрај секого. А тркалата беа слични на каменот хрисолит;

Езекиел 10