Езекиел 1:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.

9. Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.

10. И во сите четири суш-тества беше човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.

11. Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.

Езекиел 1