5. И левитите Исус, Кадмил, Ваниј, Асавниј, Серевиј, Одиј, Севаниј и Петиј, велеа: „Станете, прославувајте Го Господа, нашиот Бог! Благословен да си, Господи, Боже наш, одвека довека! и нека е благословено Твоето славно Име, возвишено над секој благослов и пофалба.
6. Ти си Единствен, Господи! и го создаде небото, и небесата над небесата, и нивната војска, земјата и сè што е на неа, морињата и сè што е во нив. Ти го оживуваш сè тоа, и небесните војски Ти се клањаат Тебе.
7. Ти си, Господи, Бог, Кој го избра Аврама, го изведе него од Халдејскиот Ур, и му го даде името Авраам.
8. Неговото срце го најде пред Себе верно и склучи Завет со него дека ќе му ја дадеш Ханаанската Земја и Хетејската и Аморејската, и Ферезејската и Евусејската и Гергесејската, нему и на неговото потомство, и ги исполни Своите ветувања зашто си праведен.
9. Ги виде неволјите на нашите татковци во Египет, и го чу нивното извикување покрај Црвеното Море.