Ездра 2:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. и писмо до Асафа, надгледувачот на царевата гора, за да ми даде дрва за градење на вратата на тврдината на Храмот, за градскиот ѕид и за куќата во која ќе се настанам”. И царот ми даде, зашто добрата рака на мојот Бог беше над мене.

9. И така дојдов кај управителите од онаа страна на Реката и им ги дадов царевите писма. А царот испрати со мене воени началници и коњаници.

10. Кога Санавалат, Оронец, и слугата Товиј, Амонец, го чуја тоа, им беше многу одвратно, бидејќи дојде човек, за да се заземе за доброто на Израелците.

11. Откако стигнав во Ерусалим, останав таму три дни.

Ездра 2