27. Кога беше осветувањето на ерусалимскиот ѕид, ги побараа левитите, секаде каде што живееја, за да ги доведат во Ерусалим та да го прослават осветувањето со радост, со благодарници и со песни покрај кимвали, псалтири и гуслиња.
28. И се собраа пејачи Левиеви синови, од крајот околу Ерусалим, од нетофатските села,
29. од Вет Гилгал, од Гева и од полето Азмавет: зашто пејачите си изградија села околу Ерусалим.
30. Свештениците и левитите се очистија себе си, а потоа ги исчистија народот, вратите и ѕидот.
31. Тогаш ги искачив јудејските кнезови на ѕидот и составив два големи пејачки собири. Првиот одеше десно по ѕидот, кон Гнојната Врата;
32. по нив одеа Осај и половина од јудејските кнезови -
33. Азариј, Езра и Месулам,
34. Јуда, Венијамин, Семај и Еремиј,
35. а од свештеничките синови со рогови: Захариј, синот Јонатанов, син Семаев, син Матаниев, син Микаев, син Захуров, син Асафов,
36. со нивните браќа Семај, Ауреил, Милалај, Гилалај, Мај, Натанаил, Јуда, Ананиј, со свирките на Давида, Божјиот човек. А Езра, книжевникот, одеше пред нив.
37. Кај Изворската Врата се искачија спроти нив покрај скалилата на Давидовиот Град по ѕидната нагорница од Давидовиот Дворец сè до Водната Врата на исток.