Ездра 10:31-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. И ако народите на земјата донесат стока или какво и да е жито во саботен ден, ние не ќе купуваме ништо од нив во сабота, ни во друг посветен ден. Секоја седма година ќе ја оставаме земјата да си почине, и ќе ги проштаваме долговите од секаков вид.

32. Зедовме како обврска: дека секоја година ќе даваме третина од шекел за богослужба во Домот на својот Бог:

33. за лебни приноси, за постојаните приносници и за секојдневните паленици за жртвите: саботни, на младата месечина, на празниците, за светите нешта и за жртви за грев за да се очисти Израел; и за секоја служба во Домот на нашиот Бог.

34. Ние свештениците, левитите и народот фрливме жрепка за придонесот од дрва, што треба во одреден ден, секоја година според своите семејства, да го донесуваме во Домот на нашиот Бог за огнот на жртвеникот на Господа, нашиот Бог, како што е запишано во Законот;

35. дека во секоја година ќе донесуваме во Господовиот Дом првини од плодовите на земјата и од првите плодови на секое дрво,

Ездра 10