Евреите 12:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Имено, размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не се истоштите и за да не станете малодушни.

4. Уште не сте се воспротивеле до крв во борбата против гревот,

5. и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува,

6. зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.”

7. Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува?

Евреите 12