Евреите 12:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен” и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина;

16. да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство.

17. Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи.

18. Зашто, вие не пристапивте до гората, што може да се опипа и што е пламната во оган; ни до темнината, ни до мракот, ни до виорот,

Евреите 12