Естир 2:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Девојката им се свиде на неговите очи, таа ја придоби неговата наклонетост, и тој се погрижи за нејзиното разубавување и за издржување. Покрај тоа и даде седум највредни робинки на царскиот дворец и ја премести заедно со девојките, во најудобните простории на женската куќа.

10. Естира не ги спомна ниту народот ниту потеклото свое, зашто Мардохеј и беше забранил да го направи тоа.

11. Секој ден Мардохеј шеташе пред дворот на женската куќа, за да научи како се чувствува Естира и како се однесуваат кон неа.

12. Секоја девојка требаше да влезе кај царот кога, според уредбата за жените, ќе дојдеше ред на неа, односно после дванаесет месеци. Зашто тогаш завршуваше времето на нивното разубавување: шест месеци со масло од смирна, а шест месеци со мирислива смола и со други масти за женска нега.

Естир 2