Еремија 9:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Секој нека се чува од пријателот, а брат на братот нека не му верува, зашто секој брат постапува како Јакова, а секој пријател разнесува клевети.

5. Се измамуваат еден другиот, не ја зборуваат вистината, го свикнаа јазикот да зборува лаги; изопачени се, не можат веќе

6. да се вратат. Насилство врз насилство! Измама по измама! Не сакаат да Ме сознаат Мене,” зборува Господ.

7. Затоа вака зборува Господ над Воинствата: „Еве, ќе ги претопам и ќе ги испитам, та како и да постапуваат кон ќерките на мојот народ?

8. Јазикот им е убиствена стрела, на устата измамлив збор. ‘Мир со тебе,’ го поздравуваат ближниот, ама во срцето му подготвуваат стапица.

Еремија 9