Еремија 8:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Еве, викаат на помош ќерките на Мојот народ од далечна земја: „Зар Господ не е веќе на Сион? Неговиот цар?” „Зошто Ме разјарија со своите кипови, со туѓински ништожества?”

20. „Жетвата помина, летото мина, а ние не сме спасени!”

21. Сотрен сум зашто е сотрена ќерката на Мојот народ, тажен сум, опфатен од стравотии.

22. Зар во Галад нема балсам? Нема ли таму лекар? Та, зошто не и доаѓа оздравувањето на ќерката на Мојот народ?

Еремија 8