Еремија 52:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ги искла Седекиевите синови пред неговите очи, ги погуби во Ривла сите Јудини кнезови;

11. на Седекија му ги ископа очите и го окова во бронзени окови и го одведе во Вавилон, каде што го држеше во темница сè до неговата смрт.

12. Во десеттиот ден на петтиот месец - во деветнаесеттата година на царувањето на Навуходоносор, вавилонскиот цар - во Ерусалим дојде Невузардан, началник на телохранителите.

13. Тој ги запали Господовиот Дом, царскиот дворец и сите куќи во Ерусалим, особено куќите на угледните луѓе;

14. халдејските чети, под заповедникот на телесната стража, ги разурнаа ѕидовите околу Ерусалим.

15. Невузардан, началникот на телохранителите, го одведе во ропство Остатокот на народот што беше останал во градот, а така и пребегалците кај вавилонскиот цар и другото мноштво.

16. Некои од најбедните луѓе Невузардан ги остави во земјата како лозари и земјоделци.

Еремија 52