Еремија 39:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во деветтата година на царот Седекија, јудејскиот цар, во десеттиот месец, Навуходоносор, вавилонскиот цар, тргна со сета војска против Ерусалим, та го опсади.

2. Во единаесеттата година на царот Седекија, во четвртиот месец, во деветтиот ден на месецот, навлегоа во градот.

3. Сите војсководачи на вавилонскиот цар влегоа па се сместија кај Средната Врата: Нергал Сар-Есер, кнезот Сам-Гарневон, Сар-Сехим, врховен заповедник, Нергал Сар-Есер, висок достоинственик, и сите други војсководачи на вавилонскиот цар.

Еремија 39