Еремија 3:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Вратете се, синови, што се одвративте, ќе ги исцелам вашите одметништва!” - Еве, доаѓаме кај тебе, зашто Ти си Господ, нашиот Бог!

23. Навистина, измамливи се висовите, врева по ридовите. Навистина, во Господа, нашиот Бог, е Израелевото спасение!

24. Ваал го проголта трудот на нашите татковци уште од нашата младост: нивните овци и говеда, нивните ќерки и синови.

25. Да легнеме во својот срам, нека нè покрие нашето засрамување! Зашто на Господа, својот Бог, Му згрешивме, ние и нашите татковци, од својата младост до денешниот ден, и не го слушаме гласот на Господа, нашиот Бог.”

Еремија 3