Еремија 28:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тогаш пророкот Ананиј го симна јаремот од вратот на пророкот Еремија и го скрши.

11. И Ананиј рече пред сиот народ: „Господ зборува вака: ‘Еве, вака - за две години - ќе го скршам јаремот на Навуходоносор, вавилонскиот цар, од вратот на сите народи!’” Тогаш пророкот Еремија отиде по својот пат.

12. А кога пророкот Ананиј го скрши јаремот од вратот на пророкот Еремија, му дојде Господово слово на Еремија:

13. „Оди и речи му вака на Ананиј: ‘Господ зборува вака: „Ти го скрши дрвениот јарем, но Јас ќе направам место него железен.”

Еремија 28