Еремија 27:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. „Зашто Господ зборува вака за столбовите, за морето, за подножјата и за останатите садови што уште останаа во овој град -

20. што уште Навуходоносор, вавилонскиот цар, не ги зеде со себе тогаш кога ги одведе на заточение од Ерусалим во Вавилон: Јехониј, синот Јоакимов, јудејскиот цар, и сите јудејски и ерусалимски првенци.

21. Да, вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог, за садовите што останаа во Господовиот Дом, во дворецот на јудејскиот цар, и во Ерусалим:

22. „Ќе бидат однесени во Вавилон и ќе останат таму сè до денот кога Јас ќе отидам по нив - говори Господ. И јас ќе го донесам сè тоа и ќе го поставам на ова место!’”

Еремија 27