7. Затоа, еве, доаѓаат денови - зборува Господ - кога веќе не ќе се зборува: ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Египетската Земја,’
8. туку: ‘Живиот ми Господ, Кој потомството на Израелевиот дом го изведе и го доведе од Северната Земја и од сите земји, каде што ги беше протерал,’ така што ќе живеат во Својата земја.”
9. За пророците. Срцето во мене е скршено, ми треперат коските, сличен сум на пијаница, на човек кого виното го овладеа, пред лицето на Господа и пред Неговите свети зборови:
10. Зашто земјата е полна со прељубници; заради тие луѓе земјата се завитка во црно, а пасиштата изгореа. Нивната трка е злоба, а силата им е неправда.