Еремија 20:16-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. На тој човек да му биде како на градовите, што Господ ги разурна без жал; туку во самата зора да чуе вик за помош и бојни викотници на пладне,

17. зашто не ме погуби во мајчината утроба, за да ми беше мајка ми мој гроб, за да и останеше утробата трудна довека!

18. О зошто излегов од мајчиното крило? За да гледам јад и неволја, и за да ги довршам деновите во срам!

Еремија 20