17. Нели си го направи тоа сам на себеси, отпаднувајќи од Господа, твојот Бог, кога те водеше по патот?
18. А сега, зошто тргнуваш во Египет, да пиеш вода од Нил? Зошто тргнуваш во Асирија, за да пиеш вода од Реката?
19. Твојата нечесност те казнува, твоето отпадништво те осудува. Сфати и види како е тешко и горко зашто го остави Господа, својот Бог, зашто го нема веќе Мојот страв во тебе - говори Господ Бог над Воинствата.
20. Да, одамна ти го скрши својот јарем, ги скина твоите врски и рече: ‘Нејќам да робувам.’ Па сепак, на секое возвишено место, под секое зелено дрво легнуваше како блудница.