Еремија 18:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. а тој почне да прави што е зло во Моите очи, не слушајќи го Мојот глас, ќе се покајам за доброто што им го ветив.

11. Затоа сега речи им на Јудејците и на Ерусалимците: ‘Господ зборува вака: „Еве, ви подготвувам зло и смислувам замисли против вас. И така, вратете се, секој од својот лош пат и поправете ги своите патишта и своите дела.”‘“

12. Но тие велат: „Напразно! Ние со поголема желба ќе ги спроведуваме своите замисли и ќе правиме секој според закоравеноста на своето зло срце.”

13. Затоа, Господ зборува вака: „Распрашајте се по народите, дали некој чул нешто такво? Толкава грозота направи Израелевата девица.

14. Го снемува ли од горските стрмнини ливанскиот снег? Можат ли да пресушат далечните води што течат студени?

Еремија 18