Еремија 15:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Затоа ќе ги извеам со веалка на вратата на оваа земја. Ќе го лишам Мојот народ од деца и ќе Го истребам, зашто не се одвраќа од своите патишта.

8. Во нив ќе има повеќе вдовици отколку морски песок. Против мајките на младите воини ќе го доведам погубувачот, среде пладне, и ќе пуштам врз нив одненадеж ужас и стравотија.

9. Се онесвести родителката на седум деца, ја испушти душата. Сонцето и зајде уште преку денот: посрамена, засрамена е. А што ќе остане од нив, ќе ги фрлам под меч пред нивните непријатели” - слово е Господово.

10. Тешко мене, мајко, што си ме родила, за да се спорам и препирам со сета земја. Никому не му дадов заем, од никого не зедов заем, а сепак сите ме проколнуваат.

11. Господ рече: „Навистина ќе те поткрепам за добро; навистина ќе направам непријателот да ти се моли, во доба на невола, во деновите на неговата тешкотија?

12. Може ли да се скрши железото, железото од Север и бронзата?

13. Твоето богатство и твоето благо ќе ги предадам на грабеж. Така ќе платиш за сите свои беззаконија по сета земја.

Еремија 15