Ефешаните 1:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме - според дејствувањето на Неговата моќна сила;

20. чие дејство го покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави оддесно на Себеси во небесните места,

21. далеку над секое началство, и власт, и сила, и господство и над секое име, кое се спомнува не само во овој свет, туку и во идниот.

22. И сè Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за Глава над сè на Црквата,

23. која е Негово Тело - полнота на Оној, Кој исполнува сè во сè.

Ефешаните 1