Дела Ап. 9:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?” А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!”

7. А мажите, кои го придружуваа, стоеја занемени, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.

8. И Савле стана од земјата; иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го зедоа за рака и го воведоа во Дамаск.

9. И беше слеп три дни: и не јадеше ниту пиеше.

Дела Ап. 9