Дела Ап. 7:54-59 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

54. Кога го чуја тоа, многу се налутија во своите срца и чкртаа со забите на него.

55. А тој, полн со Светиот Дух, погледна на небото ја виде Божјата Слава и Исуса, како стои оддесно на Бога

56. и рече: „Еве, ги гледам отворени небесата и Човечкиот Син како стои оддесно на Бога.”

57. Тогаш извикаа со силен глас, ги затнаа своите уши и се нафрлија еднодушно на него.

58. И го исфрлија од градот и фрлаа камења на него. А сведоците ги оставија своите облеки до нозете на едно момче, кое се викаше Савле.

59. И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”

Дела Ап. 7