Дела Ап. 7:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бога. Три месеци го одгледуваа во татковиот дом,

21. а кога го напуштија, го зеде фараоновата ќерка и си го одгледа за син.

22. И Мојсеј ја изучи целата египетска мудрост, и беше силен во своите зборови и дела.

23. А кога наврши четириесет години, му дојде на ум да ги посети своите браќа - синовите Израелеви.

Дела Ап. 7