Дела Ап. 5:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А помладите станаа, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.

7. А кога поминаа околу три часа, влезе и неговата жена, не знаејќи што станало.

8. И Петар ја праша: „Кажи ми дали за толку ја продадовте нивата?” И таа рече: „Да, за толку.”

9. А Петар и рече: „Зошто се согласивте да Го искушувате Господовиот Дух? Еве! Веќе пред вратата се нозете на оние, кои го погребаа твојот маж, ќе те изнесат и тебе!”

Дела Ап. 5