Дела Ап. 5:27-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И кога ги доведоа, ги поставија пред Синедрионот, и првосвештеникот ги праша:

28. ”Зар не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А еве, вие го наполнивте Ерусалим со својата наука и сакате да ја фрлите крвта на Тој Човек на нас.”

29. А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето.

30. Бог на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво и Го убивте.

31. Бог, со Својата десница, Го возвиси Него за Началник и Спасител, за да му даде покајание на Израел и проштавање на гревовите.

32. Ние сме сведоци за тоа и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.”

33. Кога го чуја тоа, се налутија многу и имаа намера да ги убијат,

34. но тогаш, во Синедрионот, стана еден фарисеј по име Гамалиел, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда да ги изведат луѓето надвор;

35. и им рече: „Мажи, Израелци! Помислете добро што ќе им направите на тие луѓе!

36. Зашто, пред овие денови се крена Тевда, кој зборуваше за себе дека е нешто големо, и кон него се присоединија околу четири стотини луѓе; тој беше убиен, а сите кои го слушаа се распрснаа и беа уништени.

Дела Ап. 5