Дела Ап. 5:18-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. ги фатија апостолите и ги фрлија во општа темница.

19. Но во ноќта, Господов ангел ја отвори вратата на темницата, ги изведе и им рече:

20. ”Одете и истапете во Храмот, говорете му ги на народот сите зборови за овој живот!”

21. Штом тие го чуја тоа, влегоа во Храмот пред разденување и поучуваа. А кога дојдоа првосвештеникот и оние, кои беа со него, ги свикаа Синедрионот и сите старешини на Израелевите синови, и испратија да ги доведат.

22. А кога служителите дојдоа, не ги најдоа во темницата. се вратија и известија:

23. ”Ја најдовме темницата заклучена и добро обезбедена, и стражарите како стојат пред вратата; но кога ја отворивме - внатре не најдовме никого.”

24. Кога ги чуја овие зборови, храмските старешини и свештеничките главатари, беа во недоумение заради нив, што би можело тоа да биде!

25. Но некој дојде и им јави: „Ене ги, мажите, кои ги затворивте во темница, стојат во Храмот и го поучуваат народот.”

26. Тогаш управителот на Храмот, со служителите, отиде и ги доведе, но не на сила, зашто се боеја од народот да не ги каменува.

Дела Ап. 5