Дела Ап. 27:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А кога тргнавме оттаму, пловевме во завет под Кипар, зашто ветровите беа спротивни.

5. Откако го препловивме морето покрај Киликија и Памфилија, стигнавме во Ликиска Мира.

6. Таму стотникот најде еден александриски брод, што пловеше за Италија, и нè префрли во него.

7. Повеќе денови пловевме бавно и одвај стигнавме спроти Книд; бидејќи ветерот ни пречеше да допловиме таму, пловевме покрај Салмона, во завет на Крит.

Дела Ап. 27