Дела Ап. 27:37-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. А во бродот нè имаше вкупно двеста седумдесет и шест души.

38. Кога се наситија, го олеснија бродот, исфрлајќи ја пченицата во морето.

39. А кога се раздени, не ја препознаа земјата, но забележаа еден залив со достапен брег и одлучија таму да го натераат бродот, ако биде возможно.

40. Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето, ги разлабавија и јажињата на кормилата и го кренаа предното едро спроти ветерот, и пловеа кон брегот.

Дела Ап. 27