Дела Ап. 23:21-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Но немој да ги послушаш, зашто го дебнат повеќе од четириесет нивни луѓе, кои се заколнаа, да не јадат ниту да пијат додека не го убијат. И сега се подготвени, само го чекаат твоето ветување.”

22. Тогаш заповедникот го пушти момчето и му нареди: „Не кажувај никому, дека ми го јави ова.”

23. И повика двајца од стотниците и рече: „Пригответе двеста војници, седумдесет коњаници и двеста стрелци, за да тргнат за Ќесарија во третиот час на ноќта.

24. Пригответе и добиток, за да го качат Павла и да го одведат безбедно до управителот Феликс!”

25. И напиша писмо со следнава содржина:

26. ”Клаудиј Лисиј до угледниот управител Феликс - поздрав!

27. Овој маж го фатија Јудејците и сакаа да го убијат; јас дојдов со војската и го извлеков, кога научив дека е Римјанин.

28. Сакајќи да ја научам причината за која го обвинуваат, го доведов долу во нивниот Синедрион.

29. И најдов дека го обвинуваат заради спорни прашања на нивниот Закон, но дека нема никаква вина, која заслужува смрт или окови.

30. А кога ме известија дека се подготвува напад против овој човек, веднаш го испратив при тебе и обвинителите ги упатив да кажат, пред тебе, што имаат против него. Биди здрав!”

Дела Ап. 23