1. А Павле погледна кон Синедрионот и рече: „Мажи браќа, јас живеев со наполно чиста совест пред Бога до овој ден.”
2. Тогаш првосвештеникот Ананиј им нареди на оние, кои стоеја до него, да го удрат по устата.
3. Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, варосан ѕиду! И ти седиш за да ми судиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!”
4. А оние, кои стоеја наоколу рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го хулиш?”