Дела Ап. 22:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И паднав на земјата и чув глас како ми зборува: ‘Савле, Савле, зошто Ме гониш?’

8. А јас одговорив: ‘Кој си ти, Господине?’ И ми рече: ‘Јас сум Исус Назареецот, Кого ти Го гониш.’

9. А оние, кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот, кој ми зборуваше.

10. Тогаш реков: ‘Што да правам, Господи?’ А Господ ми рече: ‘Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!’

Дела Ап. 22