Дела Ап. 22:27-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Тогаш заповедникот дојде при него и му рече: „Кажи ми, римски граѓанец ли си ти?” А тој рече: „Да!”

28. Заповедникот одговори: „Јас го добив тоа граѓанство за многу сребреници.” А Павле рече: „А јас се родив со него.”

29. И веднаш отстапија од него, оние кои сакаа да го испитуваат, а заповедникот се уплаши кога узна дека тој е римски граѓанец, зашто го беше врзал.

30. Утреден, сакајќи да знае точно зошто Јудејците го обвинуваат, го ослободи и заповеда да се соберат главните свештеници и целиот Синедрион и го доведе долу Павла и го постави пред нив.

Дела Ап. 22