Дела Ап. 21:32-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. И тој веднаш зеде војници и стотници и дотрча до нив. Тие пак кога ги видоа заповедникот и војниците прекратија да го тепат Павла.

33. Тогаш заповедникот му се приближи, го фати и заповеда да го врзат во двојни вериги; и распрашуваше кој е и што направил.

34. Едни од народот викаа едно, а другите друго; бидејќи од викотницата не можеше ништо веродостојно да научи, заповедникот заповеда да го одведат во тврдината.

Дела Ап. 21