Дела Ап. 20:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. А кога дојдоа при него, им рече: „Вие знаете како го поминав со вас целото време, од првиот ден кога стапив во Азија,

19. служејќи Му на Господа со сета понизност, со солзи и со искушенија, што ме најдоа од јудејските заговори;

20. како не пропуштив да ви кажам сè што е полезно и да ве поучам и јавно и по домовите;

21. сведочејќи им на Јудејците и на Грците покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус.

22. А сега, еве, врзан во Духот, одам во Ерусалим не знаејќи што ќе ми се случи во него.

23. Освен што Светиот Дух ми сведочи, во секој град, велејќи дека ме чекаат окови и маки.

Дела Ап. 20