Дела Ап. 2:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тогаш како ние го слушаме секој својот јазик, во кој сме родени?

9. Партјаните, и Мидјаните и Елемитите и жителите на Месопотамија, Јудеја и Кападокија, Понт и Азија,

10. Фригија и Памфилија, Египет и од краиштата на Ливија, околу Киринија; и Римјаните кои дошле, Јудејците и прозелитите,

11. Критјаните и Арабјаните: ги слушаме како зборуваат на нашите јазици, за големите Божјите дела.”

12. Сите се восхитуваа и во недоумение си велеа еден на друг: „Што може да биде ова?”

13. Други пак се подсмевнуваа и велеа: „Се напиле слатко вино!”

Дела Ап. 2